Електро Култура - соло проект на Владимир Муратовски Диво



Sviđa ti se? Javi ostalima!

Електро Култура е соло проект зад кој стои Владимир Муратовски Диво - панкер, социјален поет од скопскиот асфалт и неуморен хроничар на македонската андергрануд сцена речиси три децении. Во 1992 година со помош на неговиот пријател Зoран Трпков во домашни услови го снима албумот „Мировна порака" кој во изминативе две децении останува една од најдобро чуваните тајни на македонската музичка сцена. Повеќе од две децении подоцна, на 24 ноември 2013-та година на брановите на Канал 103 конечно ќе се случи и неговиот прв соло концерт.


Промо концертот на Електро Култура е закажан на 29 септември, во Кино Фросина, Скопје.


На албумот се наоѓа радио концертот на Електро Култура, снимен во емисијата „Ако никој не свири"  на Канал 103 на 24.11.2013. Физичките изданија (во ограничен тираж) го содржат и албумот „Мировна порака", снимен во 1992 година.


Изданието е достапно на цеде, аудио касета, како и за дигитално преземање.


Дизајнот на изданието е на Владимир Лукаш. Тон мајстор на радио концертот е Ненад Тонкин, додека мастерингот го работеше Зоран Тевдовски.


www.elektrokultura.bandcamp.com

www.kanal103.com.mk




Sviđa ti se? Javi ostalima!

Pratite nas na Fejsbuku

Ne propustite ni jedan tekst!

Pretplatite se besplatno na nedeljni pregled tekstova objavljenih na HC-u. Svakog ponedeljka u vašem e-sandučetu.